Еден гол беше доволен: Дортмунд го освои целиот плен против Штутгарт (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд триумфира во дербито против Штутгарт во четвртото коло од Бундеслигата, а херој на „милионерите“ беше Максимилијан Бејер.

Првото полувреме го одбележаа неколку шанси на двете страни, а поконкретен беше Штутгарт, меѓутоа мрежите мируваа.

Дортмунд конечно го скрши отпорот на противникот во 70. минута кога Бејер успеа да погоди за 1-0.

По четири одиграни меча, Дортмунд е лидер во лигата со 12 бодови, додека Штутгарт е на 14. место со три поени.

Фото: X/Borussia Dortmund