Пелистер ја декласира Струга за втора победа во Суперлигата
Битолчаните одиграа одлично прво полувреме против Струга и го добија со 16-9, додека во вториот дел продолжија да ја полнат мрежата на ривалот за да триумфираа со 33-25.
Најефикасен во победничкиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со седум голови, додека одличен натпревар имаше Никола Митревски со 11 одбрани.
На спротивната страна најдобар беше Костадин Петров со пет голови, додека Јукиќ запиша четири погодоци.
Фото: RK Eurofarm Pelister /Facebook