Вардар со 44 голови го уништи Младост за трет триумф во Суперлигата

Македонскиот шампион Вардар ја запиша третата победа во Суперлигата, откако славеше против Младост Богданци со 44-34.

Скопскиот гигант доминираше на натпреварот и ја контролираше играта од самиот почеток, а на полувремето замина со предност од 25-14.

Младост во вториот дел не успеа да ги запре разиграните ракометари на Вардар, кои продолжија да го полнат голот до конечни 44-34.

Најефикасен во победничкиот тим бееш Матео Фадуил со 13 голови, додека Тодор Узунчев запиша осум погодоци за Младост.