Сити се извлече и на пенали го елиминираше Брајтон! (ВИДЕО)

Манчестер сити преку пенали се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот откако во регуларниот дел беше 2-2.

Брајтон прв дојде до предност по половина час игра кога Јалкуе го совлада голманот Рули и го отвори резултатот. Сити тргна по израмнување до кое дојде на пет минути пред крајот на полувреме. Стрелец на голот беше Хрватот, Матео Ковачиќ.

Со по еден гол на двете страни се замина на паузата. Брајтон до ново водство дојде по две минути игра во вториот дел кога стрелаше Рутер.

Сити успеа да израмни и по вторпат преку Витор Реис во 72-та минута. Во самата завршница, Брајтон пропушти огромна прилика преку Винтер кој од идеална позиција шутираше на голот, па победникот го решаваа пеналите.

Во пенал-рулетот херој за „граѓаните“ беше Рули кој успеа да ги одбрани двата последни пенали за избраниците на Мареска.

Останати резултати:

Борнмут – Астон вила 3-0

Фулам – Кристал палас 0-1

Сандерленд – Брентфорд 3-2