Парондо: Знаевме дека Вардар денеска ќе ја даде целата енергија!
Мелсунген со овој бод го освои второто место во групата и заедно со Висла го продолжи настапот во Лигата на шампионите, додека Вардар заедно со Нант се сели во Европската лига.
„Нерешениот резултат беше тоа што ни требаше. Бевме сигурни дека Вардар ќе одигра со цела енергија. Овој меч беше важен за клубот. Знаевме дека ќе биде тешко, не го одигравме најдоброто, благодарност до играчите. Првата фаза во Лигата на шампиони беше тешка, имавме многу повредени играчи, денеска игравме без пет ракометари. Тешко е да се игра во Бундеслига и во Лигата на шампионите. Многу сме горди што успеавме да се пласираме во главната рунда“, изјави Парондо.