Штипјани освоија два сета во првиот домашен меч во ЛШ
Штипјани имаа добар почеток и го добија првиот сет со 25-23, откако беа поконцентрирани во клучните моменти. Орион Старс израмни со победа од 25-20 во вториот сет, но домашните одбојкари повторно се вратија во предност, освојувајќи го третиот сет со 25-21.
Надежите на УГД Штип за триумф, сепак, беа сериозно разнишани во четвртиот сет. Гостите целосно ја презедоа контролата и славеа со убедливи 25-10, со што го однесоа мечот во решавачки петти сет. Таму Орион Старс беше подобар и со 15-10 ја запиша победата.
Љафтов со 17 поени и Стојан Илиев со 15 беа најрасположени во македонскиот состав. На спротивната страна, Воутер Тер Мат го предводеше Орион Старс со 22 поени.