Болоња со пресврт го шокираше Милан, Интер победи со два автогола (ВИДЕО)
Милан имаше предност на полувремето, но во продолжението целосно потфрли и го претрпе првиот првенствен пораз сезонава.
Херој на Болоња беше Самуел Мбангула, кој постигна хет-трик. Гостите поведоа во осмата минута токму преку него, но Милан брзо возврати. Алфадјо Сисе со два гола направи пресврт и му донесе предност од 2-1 на домашниот тим на паузата.
Сепак, Болоња блесна во второто полувреме. Давиде Бартесаги си постигна автогол во 60. минута, а само две минути подоцна Мбангула повторно погоди за 3-2. Конечниот удар го зададе во 86. минута, комплетирајќи го хет-трикот за голема победа на гостите.
Поразот е тежок удар за Милан, особено што веќе в сабота го очекува градското дерби со Интер. „Росонерите“ остануваат на 18 бодови, додека Болоња стигна до 11.
Интер во истиот термин ја победи Венеција со 2-0, а интересно е што „нераѕурите“ до победата дојдоа со два автогола на Матијас Морено и Акро Адамс. Во третиот натпревар во истиот термин, Парма и Удинезе ремизираа без голови.