Партизан застана кога беше најпотребно, Асвел ја прекина серијата порази (ВИДЕО)
Домашниот состав подобро влезе во натпреварот и уште во почетните минути поведе со двоцифрена разлика (11-1). Но, гостите потоа се соземаа и со една серија го израмнија резултатот. Првиот период, сепак му припадна на Асвел со 22-19.
Предноста францускиот состав успеваше да ја одржува и во втората четвртина, па така на одмор замина со четири поени предност (36-32).
По враќањето на паркетот српскиот тим почна да игра подобро и на неколку пати тие го преземаа водството. Така, последната четвртина од мечот беше единствената која ја почнаа со предност (59-56).
Сепак, тоа не беше доволно за победа затоа што Асвел повторно ја презема контролата и беше подобар тим во клучните моменти, па на крајот и заслужено победи. Најефикасни кај победничкиот состав беше Милс и Вотер со по 14, додека за Партизан Хејс уфрли еден повеќе.
За Партизан ова е четврти пораз во осум одиграни натпревари сезонава во Евролигата. Асвел пак со овој триумф ја прекина низата од три порази.
Останати резултати:
Бешикташ – Олимпијакос 73-81
Хапоел – Ефес 118-88
Виртус – Жалгирис 74-91