Фенербахче го скрши Дубаи и го освои третото место во Суперкупот на Евролигата
Турскиот тим се соочи со голем притисок на почетокот и водеше само со еден поен разлика (22-21) по првата четвртина, додека Фенербахче до паузата успеа да создаде предност од „плус осум“ (47-39).
Дубаи не сакаше да се предаде, но немаше решение за расположените ѕвезди на Фенербахче, кои во финишот го скршија отпорот на ривалот и славеа со 85-77.
Најефикасен на паркетот беше Хортон-Такер кој запиша 23 поени, додека кај Дубаи најефикасни беа Дејвис Бертанс и Ели Окобо со по 14 поени.
Фото: Fenerbahçe Beko /Facebook