Прва радост за Лампард: Дасилва донесе три бодови за Ковентри (ВИДЕО)

Ковентри конечно успеа да слави во Премиер лигата, откако во петтото коло го надигра Нотингем Форест на гостински терен со 1-0.

Избраниците на Франк Лампард се соочија со голем притисок на натпреварот, меѓутоа имаа голема среќа затоа што само три од 24 удари на Нотингем беа во рамки на голот.

Казната пристигна преку Џеј Дасилва во 55. минута кога погоди за водство од 1-0, по што Нотингем стрелаше преу Игор Жесус, но голот беше поништен поради прекршок.

Фото: Facebook/Coventry City FC