Машинеријата на Флик „меле“ сè пред себе: Хет-трик на Рафиња против Севилја (ВИДЕО)

Барселона има „седум од седум“ на стартот на новата сезона во Ла Лига, откако вечерва ја совлада и Севилја со 3-1 на гостувањето во Андалузија, а на теренот блесна Рафиња со хет-трик.

Севилја тргна добро во мечот и постигна гол преку Јусуф Фофана во 19. минута за водство од 1-0, по што Бразилецот Рафиња ја презема сцената и направи шоу на теренот. Тој најпрво погоди за 1-1 во 22. минута, а на стартот на вториот дел стрелаше за целосен пресврт.

Каталонскиот гигант не запре и го напаѓаше голот на домаќините, а Рафиња го комплетира неговиот хет-трик во 69. минута од дербито.

Барселона има 21 освоен бод по седум одиграни меча, додека Севилја е на петтата позиција со 13 бодови.

Фото: Facebook/FC Barcelona