Вардар преку Николов и Закариќ ѝ пресуди на Шкендија Арачиново (ФОТО)
Шкендија Арачиново влезе во натпреварот без страв и му „покажа заби“ на шампионот, но Вардар ја презема контролата на теренот и неколку пати се обиде да постигне гол, но немаше среќа во завршницата.
Вардар конечно до водство стигна во вториот дел, кога Бобан Николов стрелаше во мрежата на гостите за предност од 1-0, додека Горан Закариќ во 69. минута зголеми на 2-0.
„Црвено-црните“ во финишот имаа уште неколку шанси за поубедлив триумф, меѓутоа не успеаја да ги реализираат.
Вардар е на третата позиција со 14 поени, додека Шкендија Арачиново е на петто место со 13 бодови.







