Прилеп повторно живее за фудбал: Победа му даде 10 гола на Влазерими! (ФОТО)

Новоформираниот ГФК Победа славеше со 10-0 против Влазерими во второто коло од Третата лига регион 4, а сликите од стадионот покажуваат дека љубовта кон фудбалот во Прилеп е сè уште жива.

Трибината на стадионот во Прилеп повторно беа исполнети, а на тоа фудбалерите возвратија со одлична игра и убедлив триумф (10-0).

Победа и во претходното коло ги воодушеви навивачите кои го наполнија стадионот, а тогаш прилепскиот тим славеше со 6-0 против Превалец од Велес.

ГФК Победа претходно беше промовиран како нов клуб кој од сезоната 2026/27 ќе се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига, со амбиција постепено да го врати Прилеп на фудбалската мапа. 

Фото: ГФК Победа/Facebook