Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва се закити со титулата светски кикбокс шампион ВАКО ПРО, а победата против Турчинот Берк Дузенли ја прослави со комитска песна по што еруптираше салата.

Илиоски имаше голема поддршка за време на борбата од навивачката група „Комити“, која го охрабруваше во сите пет рунди против Дузенли.

„Нека знаат, добро сите, најјаки се Комитите“, запеа Илиоски по историскиот успех.