На четири кола пред крајот на сезоната, Салернитана официјално е второлигаш

Екипата на Салернитана синоќа загуби на гостувањето кај Фрозиноне со 0-3 и на четири кола пред крајот на сезоната официјално ги загуби шансите за опстанок во Серија А.

По 34 одиграни натпревари, овој тим има само 15 бода, а разликата со 17-пласираниот Фрозиноне изнесува 16 бода што е недостижно до крајот на првенството. Салернитана е прв тим кој испадна од елитната конкуренција, а во финишот ќе се води жестока битка за избегнување на другите две места кои водат во понизок ранг.

Таму во моментов се наоѓаат Удинезе и Сасуоло, но не се безбедни ниту Фрозиноне, Емполи, Верона и Каљари.