Вестбрук немоќен на теренот, тргна да го тепа Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Далас Маверикс поведе со 2-1 во серијата со Лос Анџелес Клиперс откако на домашен терен славеше со 101-90.

Освен релативно лесниот триумф на домашниот тим, натпреварот го одбележа нервозата кај ветеранот во противничките редови Расел Вестбрук. Иако важи за добар дефанзивец, тој не можеше никако да го запре Дончиќ, па се обиде дури и со тепање бидејќи такви фаули не може да се окарактеризираат на друг начин.

Се вмешаа и другите кошаркари и малку недостасуваше да дојде до масовна тепачка. На крајот Вестбрук успеа во својата намера бидејќи Дончиќ се пожали на повреда на коленото и прашање е дали ќе биде комплетно подготвен за четвртиот натпревар. Словенецот остана на една асистенција од трипл дабл (22/10/9), додека Вестбрук го заврши мечот со само еден поен.