Тухел ја отвора вратата кон враќање во Премиерлигата!

Следната дестинација на Томас Тухел би можело да биде повторно во Премиерлигата, тој призна дека сака да работи во Англија.

Се шпекулира дека Тухел би можел да биде следниот тренер на Манчестер јунајтед, а Германецот би сакал тоа да се случи.

„Не е тајна дека го сакав периодот во Челси и во Англија, па ми се допадна работата во Премиерлигата, секако“, вели Тухел.

„Имав многу, многу посебно време во Англија“.

Тој ја отфрли можноста да остане во Баерн Минхен.

„Нема да бидам во Баерн следната сезона, ја донесовме оваа одлука и не се сомневаме дека ќе биде испочитувана, тоа беше на иницијатива на клубот, во ред сум со тоа“.