Уапсен српски фудбалски судија – произведувал и продавал дрога на деца!

Дека се уште постојат информации поврзани со фудбалот во регионот што може да изненадат доказ е веста за апсењето на Ф.Т. (22 год) во Заечар, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Веста веднаш се прошири во фудбалските кругови со оглед што станува збор за судија кој на делел правдата на средбите од српското првенството.

„Како е можно на списокот на судии на српската Источна лига да има дилер на дрога? Како е можно дотичниот судија да биде врвна перспектива на регионот? Станува збор за Филип Тошиќ од Заечар, постојано делегиран до апсењето на 3 мај! Како што е соопштено, тој управувал автомобил во кој биле пронајдени 800 грама дрога, под сомнение дека ја консумирал и продавал на деца во населбата Заечар“, вели поранешниот судија Нинослав Спасиќ.