Јувентус го подготвува Синер за Ролан Гарос!

Изгледа чудно, но Јувентус ќе му помогне на Јаник Синер да се опорави навреме за настап на престојниот грен-слем турнир, Ролан Гарос.

Синер поради повреда се повлече од настап на мастер турнирот во Рим и рече дека ако не биде сто проценти подготвен нема да игра ниту на Ролан Гарос.

Италијанскиот тенисер го мачи колкот, а „Газета дело Спорт“ пишува дека последните прогнози се оптимистички и опоравувањето од повредата оди добро.

Синер во моментов е во Монте Карло, но италијанските медиуми пишуваат дека негова следна дестинација ќе биде Торино. Следната фаза од опоравувањето ќе ја помине во медицинскиот центар на Јувентус со специјалистот за спортски повреди на овој клуб.