Лазаров ги одбра ракометарите за првата пресметка со Фарски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20 часот го стартува бараж двомечот за пласман на Светското првенство против Фарските Острови.

Селекторот Лазаров со себе во Торшавн поведе 21 ракометар, а сега одбра кои 16 ќе бидат дел од мечот.

Покрај добро познатите ракометари, Лазаров за овој меч во составот ги стави и младиот играч на Алкалоид, Дамјан Митев, како и пикерот на Вардар, Михаил Аларов.