Ферстапен им се врати на победите, Холанѓанецот беше најбрз на Имола!

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен победи на трката за Големата Награда на Италија која се возеше на патеката Имола.

Откако ги разочара фановите во САД, Ферстапен денеска успеа да заврши како прв иако имаше закана од Ландо Норис.

Норис успеа да направи драма во финишот од трката, но сепак не го мина Ферстапен кој како прв ја мина целта.

Место на пиедесталот покрај Ферстапен и Норис имаше и за Шарл Леклер од Ферари.

Во топ десет завршија Пјастри (Мекларен), Сајнц (Ферари), Хамилтон (Мерцедес), Расел (Мерцедес), Перез (Ред Бул), Строл (Астон Мартин) и Цунода (РБ).