Собир на репрезентацијата: Македонија почнува со подготовките за Лигата на нации (ФОТО)

Македонските фудбалски репрезентативци го имаа првиот собир пред почетокот на Лигата на нации, а денеска од 18.30 часот ќе почнат и подготовките за следните предизвици на Македонија.

Македонија во само 14 дена ќе одигра четири натпревари, и тоа против Швајцарија (два дуели), Словенија и Шкотска.

Првиот натпревар на Македонија е закажан против Швајцарија на 26 септември од 20.45 часот.