Селекторот што победува не се менува: Де ла Фуенте потпиша нов договор со Шпанија
Одлуката е донесена едногласно од Управниот одбор на РФЕФ, а со новиот договор Шпанија му дава континуитет на проектот кој во изминатиот период донесе големи резултати, како што се титули во Лигата на нации, Европското првенство (ЕП) и Светското првенство (СП).
Де Ла Фуенте во новиот мандат треба да остане до завршувањето на ЕП во 2032 година, откако две години претходно ќе треба да ја брани титулата и на Мундијалот.
Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol) /Facebook