Патот на Македонија до нов Мундијал е преку Фарски Острови - битката почнува!

Македонската ракометна репрезентација денеска од 20 часот ќе го почне бараж двомечот против Фарските Острови за пласман на Светското првенство, денешниот дуел се игра во Торшавн.

Момците на Кире Лазаров се во нова мисија, пласман на Мундијалот кој следната година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска. За да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања треба да ја поминеме селекцијата на Фарските Острови, тоа нема да биде едноставна задача.

Фарските Острови се селекција која има сериозен подем во ракометот, според обложувалниците тие се голем фаворит против Македонија во првиот натпревар.

Македонските ракометари од вчера се во Торшавн каде ќе се игра натпреварот. Лазаров со себе поведе 21 ракометар, а пет од нив ќе отпаднат од коминација за настап на вечерашниот меч.

Фарските Острови се селекција која беше пријатно изнанедување на претходното Европско првенство. Ракометарите на оваа земја претежно играат во Скандинавија, но главните ѕвезди се од Бундеслигата, Елијас Елефсен Скипаготу кој игра за Кил и Хакун Вест Ав Теигум од Фуксе Берлин.

Правдата на денешниот меч ќе ја делат германските судии Мајке Мерц и Тања Кутлер.

Реванш мечот меѓу Македонија и Фарските Острови се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 часот.