Тен Хаг: Манчестер јунајтед не може да се бори за титулата следната сезона, ниту за второто место!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг ги разочара фановите со песимистичка изјава за иднината на тимот, вели дека не можат да стигнат ниту до второто место, а не па да се борат за титулата идната сезона.

Манчестер јунајтед завршува уште една разочарувачка сезона, тимот одамна не бил конкурентен за титулата во Премиерлигата, а Тен Хаг очекува така да биде и во наредната сезона.

„Мислам дека кога би ги имале сите играчи на располагање, би можеле да се бориме за топ четири. Уверен сум во тоа. Во Премиерлигата веќе не е трка на 2-3 тима, тука се Тотнем, Астон Вила, Њукасл, има многу добри тимови, 5-6 тимови. Челси да не ги заборавиме. Сите тие се борат за топ четири и ние сме едни од нив. Но, не сме во позиција да се бориме за првото или второто место, тоа е факт, но можеме да се доближиме до нив доколку имаме добар преоден рок“, рече Тен Хаг.