Де Хеа нема клуб, но не престанува да тренира, се подготвува ли за - новата сезона? (ВИДЕО)

Откако го напушти Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа не успеа да пронајде нов клуб, шпанскиот голман беше прибирлив и не се договори со никој, но ова лето може да се променат работите.

Излезе видео на социјалните мрежи од Давид Де Хеа како има индивидуални тренинзи. Голманот сака да остане во форма иако нема клуб, а има најави дека наскоро тоа ќе се промени.

Наводно Бетис е сериозно заинтересиран за Де Хеа, а тој е подготвен да си ги намали високите барања со цел да потпише со клубот од Севиља.