Подвиг на Ѓорческа во Трнава – ја растури првата носителка на турнирот!
Македонката и во претходната рунда совлада далеку подобро рангирана од себе противничка, а овој пат беше подобра од тенисерка која е на 115. место на ВТА-листата.
Ѓорческа во следната рунда ќе ги одмери силите со со домашната претставничка Вероника Ерјавец (176. место на ВТА). Претходните две победизначат и нови поени на ВТА-листата за Македонката, а со тоа и напредок на светската листа.