Ѓоковиќ ѝ донесе среќа на Звезда пред да замине во Женева (ВИДЕО)

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ оваа недела ќе настапи на АТП турнирот во Женева, а пред заминувањето за Швајцарија ја искористи можноста да ја прослави титулата на Црвена Звезда во АБА лигата.

Синоќа тој беше присутен во белградската Арена, на третиот и последен натпревар од финалната серија во регионалното натпреварување на кое славеа „црвено-белите“ и повторно се вратија на тронот. Иако домаќин на тој меч беше Партизан, Ѓоковиќ беше добредојден во ложата, а како навивач на Звезда, секако го прослави новиот успех.

При заминувањето, Ѓоковиќ беше забележан од навивачите на домашниот тим кои направија лудница во обидот да се фотографираат со него.