На Капело не му е јасна стратегијата на Милан: Зошто странски тренер?

Како што се ближи крајот на сезоната, станува се појасно дека Стефано Пиоло нема да остане на клупата на Милан, а управата веќе е во потрага по негов наследник.

Медиумите во Италија веќе објавија дека во прв план се Шпанецот, Жулен Лопетеги и Португалците, Паоло Фонсека и Сержо Консеисао, но таквата стратегија не му се допаѓа на легендарниот италијански стручњак Фабио Капело. Тој јавно праша зошто челниците на „росонерите“ инсистираат на странец на клупата кога има добри домашни тренери.

„Кој дошол од страна и освоил пехар во Италија? Линдхолм, Бошков, Ериксон... тие се... Од 2000 година само Мурињо и никој друг. Тоа мора нешто да значи. Го имаме Тијаго Мота кој е подготвен за големи клубови, го имаме Гасперини кој со години работи во Италија и секогаш е во игра за трофеи. За се што досега направи, заслужи да води голем клуб“, смета Капело.

Во Италија тој работеше во Милан, Рома и Јувентус и со сите три клуба освои титули во Серија А со тоа што двата трофеја од Јуве подоцна беа избришани поради скандалот „Калчополи“.