Флорентино Перез се појави во Далас да му даде поддшка на Дончиќ! (ВИДЕО)
Пред да се пресели во НБА, Дончиќ од 2015 до 2018 година настапуваше за Реал Мадрид со кој стана Европски шампион, а ја доби и наградата за МВП во Евролигата.
Словенецот остави голема трага во Реал Мадрид иако таму беше само три години од кариерата и тоа на многу млада возраст.
Флорентино Перез не го заборава тоа, па синоќа се појави на мечот меѓу Далас и Клиперс за да му даде поддршка на Дончиќ.