Барса сѐ поблиску до „своето дете“, ама ќе мора да плати 60 милиони евра

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо има голема можност да се врати во клубот чиј член беше до својата 16-годишна возраст.

Медиумите во Шпанија, а последните денови и во Гермманија, тврдат дека се интензивирани контактите меѓу раководството на Барселона и претставниците на Олмо кој во моментов е член на Лајпциг. Неговиот договор е со важност до 2027 година, па бундеслигашот одлучува дали ќе го продаде или не, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.

Прашање е дали Барселона може да си ги дозволи тие средства во моментов, но Лапорта преку своите соработници се посилно притиска за трансфер на 25-годишниот фудбалер. Олмо е стандарден репрезентативец на Шпанија и претстојното лето ќе настапи на Европското првенство во Германија.