Волф подготвува „бомба“: Не сум се откажал од Ферстапен!

Директорот на Мерцедес, Тото Волф активно работи на ангажирање замена за Луис Хамилтон кој од следната година ќе вози за Ферари, а главна желба на Австриецот е Макс Ферстапен од Ред Бул.

Волф по тргата во Мајами откри дека имал закажан состанок со Ферстапен, а не ја исклучи можноста со него да разговара повторно во блиска иднина.

„Секогаш има многу состаноци. Не можам да зборувам многу. Имавме преговор, сакам да бидам чесен и да направиме вистински избор. Сакаме да видиме што мисли Макс, но воедно следиме и други возачи. Саинц повторно беше добар“, кажа Волф.