Де Пол ја уништи пресметката на Меси и Левандовски - тргна да го тепа Полјакот (ВИДЕО)

Тензија до вриење во Чикаго! Натпреварот меѓу Чикаго Фајр и Интер Мајами донесе неочекувана доза на нервоза, откако Родриго Де Пол и Роберт Левандовски влегоа во жестока вербална пресметка во самиот финиш.

Дуелот заврши без победник, 1-1, но сцената меѓу аргентинскиот репрезентативец и полскиот голгетер го украде шоуто.

Сè започна откако Левандовски влезе во конфликт со дефанзивецот на Интер Мајами, Ијан Фреј. Во целата ситуација се вмеша Де Пол, кој застана во одбрана на својот соиграч. Тогаш ситуацијата дополнително се вжешти. Де Пол и Левандовски се најдоа лице в лице, а според очевидците двајцата размениле остри зборови. Аргентинецот не отстапуваше, а Полјакот исто така не остана должен.

„Знаеш кој сум јас? Освоив светска титула и двапати Копа Америка“, наводно му викал Де Пол на славниот Полјак кој е еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот.

Интересно е што двајцата добро се познаваат од времето кога се среќаваа во европскиот фудбал. Де Пол како играч на Атлетико Мадрид често се соочуваше со Левандовски, додека имаа и дуел на репрезентативно ниво на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Аргентина ја совлада Полска. Левандовски имаше причина за добро расположение бидејќи токму тој го отвори резултатот во деветтата минута, постигнувајќи го својот шести гол во сезоната. Чикаго долго време имаше предност, но Интер Мајами израмни преку Касемиро во 48. минута.