Лудница во Лондон: Челзи губеше со 0-2, па им даде шест „парчиња“ на гостите од Лидс (ВИДЕО)

Екипата на Челси се пласира во следната фаза од англискиот Лига куп откако во натпревар вечерва на домашен терен во спектакуларен натпревар го совлада Лидс со резултат 6-3.

Лондонскиот состав до победата стигна со извонреден камбек во второто полувреме, враќајќи се од негатива од два гола благодарение на клучните замени од клупата. Гостите одлично го започнаа натпреварот и дојдоа до сигурна предност преку Тарик Мухаремовиќ во 23. минута и Брендан Аронсон во 48. минута. Клучниот момент на средбата се случи со влегувањето на Кол Палмер и Морган Роџерс во игра. Нивното присуство на теренот, заедно со Педро Нето и Рис Џејмс, резултираше со целосен пресврт на „сините“ во период од само тринаесет минути.

Офанзивата на домаќините ја предводеше Палмер со два брзи погодоци, по што во листата на стрелците се запиша и Педро Нето, пред Дени Велбек да зголеми на 4-2. Лидс накратко ги врати надежите за позитивен резултат преку погодокот на Доминик Калверт-Луин во 75. минута, но Валентин Барко пет минути подоцна реализираше за 5-3 и ги отстрани сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат го постави ветеранот Велбек со својот втор гол во 94. минута.