Главата горе: Загубивме од велесила - Савовски најавува подобра игра против Украина!

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од домашната селекција на Бугарија (0-3) го започна настапот на ЕП 2026, во меч одигран во Софија пред иладници бучни навивачи за противникот.

Актуелниот светски вицешампион ја оправда фаворитската улога, но македонскиот табор гледа позитивно на прикажаната игра и на идните предизвици кои следуваат на континенталниот собир. Средниот блокер на националниот тим, Филип Савовски, по натпреварот истакна дека екипата пружила достоинствен отпор против исклучително силен противник. Анализирајќи ја играта, тој како главна причина за максималниот пораз го посочи проблемот со приемот на противничкиот сервис, што не дозволило македонската селекција да освои барем еден сет.

Од друга страна, тој изрази задоволство од реализацијата во нападот и играта во блок, фокусирајќи се на следниот натпревар.

„Со оглед на тоа дека игравме против светскиот вицешампион и тоа во Софија, пред полна сала, мислам дека дадовме солиден отпор. Имавме наши моменти, имавме и добри и лоши моменти. Имаше моменти кога не можевме да го смириме нивниот сервис и мислам дека тоа беше клучниот фактор што не можевме да избориме некој сет. Сепак, морам да кажам дека бевме доста добри во блок и во напад, особено ако се знае дека Бугарите имаат доста висок блок. Кога сè ќе се собере, мислам дека тоа беше добар натпревар и добар почеток. Сега се осврнуваме на следниот противник и се надеваме на подобар резултат против Украина“, изјави Савовски.