Се отвори небото над Барселона: Рафиња за три минути го начна, Адејеми со мајсторија го дотолчи Феенорд (ВИДЕО)

Екипата на Барселона фуриозно го отвори натпреварот против холандскиот Феенорд во рамки на првото коло од елитната Лига на шампиони (ЛШ), благодарение на раниот погодок на бразилскиот интернационалец Рафиња. Во услови на силен дожд, каталонскиот состав успеа да стигне до почетна предност по нешто повеќе од две минути игра на теренот.

Бразилскиот офанзивец ја затресе противничката мрежа по навремена асистенција од младиот Ламин Јамал. Она што особено го одбележа овој погодок беше извонредниот потег кој ѝ претходеше на самата реализација. Рафиња со одлична финта и ненадејно движење настрана исфрли од игра двајца фудбалери на Феенорд, кои со лизгачки старт завршија на спротивната страна, што му овозможи простор рутински и мирно да го совлада противничкиот голман.

На истекот, пак, од првиот половина час од играта, Адејеми со мајсторски удар од дваесетина метри постигна мајсторски погодок и тоа на дебито во дресот на Барса во ЛШ.