Миленкоски: Живееме за ова ЕП, ќе играме против домаќинот пред полна сала!
Непосредно пред натпреварот за медиумите зборуваше селекторот Јошко Миленкоски кој е свесен за квалитетот на репрезентацијата со која ќе се соочиме, а исто така Бугарија се очекува да има и огромна поддршка од трибините.
„Ќе играме на уште едно Европско првенство, четврто во низа за нашата репрезентација, веќе ги одработивме последните тренинзи и не чека натпревар против еден од фаворитите во една од најтешките групи на првенството.
Во хотелот се сретнавме со сите, импресиите се големи, сите живееме за ова Европско првенство и првите впечатоци кои ќе ги доживееме на отворањето. Ќе играме против домаќинот Бугарија пред 12.000-13.000 гледачи. Фаворитот е познат, Бугарија е кандидат да оди до самиот крај, сепак за нас ќе биде сатисфакција ако одиграме онака како што знаеме и да дојдеме до позитивен резултат што за нас би било и освоен некој сет.
Сепак, ние ќе се обидеме да ја одиграме нашата игра и да се претставиме во колку што е можно подобро светло.
„Станува збор за светскиот вицешампион кој игра пред својата публика, за нас е најважно да ја играме нашата игра, нивните играчи се најдобри во Европа. Се надевам дека атмосферата ќе не понесе и нас, но со ладни глави да одиграме еден наш најдобар натпревар.
На крајот ова треба да го гледаме како еден контролен натпревар пред дуелите со Португалија и Израел.