Лоши вести од ЕХФ за Вардар: Драстично казнет Митровиќ поради лански инцидент!
Имено, вардарци во дуелот ќе бидат без еден од најважните во бековската линија, Урош Митровиќ кој е суспендиран на четири натпревари.
Митровиќ во реваншот од Европската лига против Монпелје кој беше последен европски натпрервар за Вардар минатата сезона заработи директен црвен картон и син картон, а потоа доби и дополнителна казна од ЕХФ.
Дисциплинската комисија му изрече суспензија на четири натпревари и бидејќи Вардар беше елиминиран таа суспензија се префрли за оваа сезона во Лигата на шампионите.
Суспензијата значи и дека Чупиќ нема да го има на располагање во следните дуели со Висла Плоцк дома и на гости и против Нант во Скопје.
Дуелот во Германија од првото коло е закажан за утре во терминот од 20:45 часот.