Машките и женски клубови од Првата лига добија нова опрема
Федерацијата подели опрема на 14 клуба во машка конкуренција и уште седум во женска.
Опремата на претставниците на клубовите им ја додели првиот човек на федерацијата Александар Стефанов, а клубовите добија комплетни дресови, шорцеви, тренерки и ракометни топки.
„Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување“, порачуваат од РФМ,