Медведев со јасна порака: Ѓоковиќ не треба да добие вајлд-карта за Торино!

Рускиот тенисер Данил Медведев смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ не треба да добие специјална покана за завршниот Мастерс во Торино доколку не успее да се пласира меѓу осумте најдобри тенисери во сезоната.

Медведев кажа дека правилата не треба да се менуваат за да им се овозможи настап на поранешните шампиони кои не обезбедиле пласман преку резултатите во текот на сезоната.

„Не, мислам дека не треба да има специјални покани. Единственото нешто што на некој начин претставува таква привилегија е правилото според кое освојувачот на грен-слем турнир добива место ако не е меѓу осумте најдобри“, кажа Медведев.

Фото: Facebook/China Open