Ѓорческа по двочасовна борба елиминирана од челенџерот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во осминафиналето го заврши настапот на Челенџерот во Анталија со пораз од 2-1 од Италијанката Аурора Зантедески.

Ѓорческа одлично тргна во мечот и го одзема првиот сервис на Италијанката во вториот гем поведувајќи со 2-0. Зантедески се врати во петиот кога намали на 3-2, а во наредниот го потврди за израмнување во гемови.

Сепак, Ѓорческа успеа дојде и до втор брејк и тоа во десетиот гем со што го освои сетот со 6-4 и пвоеде 1-0.

Но, веќе во првиот гем од вториот сет италијанската тенисерка стигна до брејк, а во продолжение беше сигурна на свој сервис за да го освои сетот во кој дојде и до втор брејк за 6-3. Кога се одлучуваше мечот во третиот сет, Ѓорческа како да загуби сили и освои само еден гем, па Зантедески со 6-1 дојде до конечна победа.