За фудбалерите на Реал важат други правила: Кукуреља пак се спаси од исклучување (ВИДЕО)
Ситуацијата предизвика големи реакции, особено поради новото правило според кое покривањето на устата во одредени конфронтирачки ситуации може да биде санкционирано со црвен картон. Целта на правилото е да се спречи играчите да користат навредлив или дискриминаторски говор во ситуации кога е невозможно да се утврди што точно кажале.
Сепак, во случајот со Кукуреља, судиите процениле дека не бил исполнет условот за агресивна конфронтација. Самото покривање на устата не значи автоматски исклучување, туку се оценува целиот контекст на ситуацијата. Нејасно е како судиите оцениле дека не биле исполнети условите за црвен картон ако се има предвид дека на спротивната страна има црномурен играч, основната причина поради која беше донесено ова правило. Интересно е тоа што правилото беше донесено токму поради Реал чии фудбалери минатата сезона се жалеа на расизам од играчот на Бенфика, Престијани кој наводно го навредил Винисиус на меѓусебниот натпревар од Лигата на шампионите.
Кукуреља, како што заклучија одговорните, во тој момент не бил во жестока расправија со Бисек, а неговиот гест бил краткотраен. Токму поради тоа, судијата не интервенирал со црвен картон. Ова е втор случај со Кукуреља во кој бекот ја покрива устата додека комуницира со противнички фудбалер, а сепак не добива црвен картон. Првиот беше на Светското првенство додека зборуваше со Лионел Меси кој веднаш побара реакција од судијата, но не ја доби.