Родри ги навреди Столе Димитриевски и компанија, па лично им се извинил

Фудбалерот на Барселона и капитен на шпанската репрезентација, Родри, се најде во центарот на вниманието поради разговор кој требало да остане на теренот.

По убедливата победа на Барселона над Валенсија со 5-0, камерите го забележале Родри во разговор со младиот дефанзивец Пау Кубарси. Во еден момент тој дал исклучително негативна оценка за играта на противникот.

„Многу се слаби“, му рекол Родри на Кубарси, додавајќи дека Валенсија во второто полувреме практично не успеала да ја помине средината на теренот.

Разговорот бил снимен и подоцна емитуван во емисијата „Ел Дија Деспуес“ на „Мовистар+“, по што снимката брзо се проширила на социјалните мрежи. Зборовите на Родри предизвикале реакции, бидејќи можеле да бидат сфатени како потценување на противникот. Сепак, шпанскиот репрезентативец не сакал неговите зборови да создадат дополнителна тензија. Откако дознал дека разговорот бил објавен, Родри веднаш стапил во контакт со Хозе Луис Гаја, фудбалер на Валенсија и негов соиграч од репрезентацијата.

Според информациите, Родри му се извинил на Гаја и на играчите на Валенсија, нагласувајќи дека не сакал неговите коментари да бидат сфатени како навреда. Иако неговите зборови предизвикаа бурни реакции, брзата реакција и извинувањето покажаа дека Родри бил свесен дека разговорот, кој првично бил само дел од случувањата на теренот, добил сосема поинаква тежина откако се појавил во јавноста.