Емил Божиновски поднесе оставка, Јакимовски е нов шеф на судиите
Божиновски се повлекува од функцијата поради лични причини, но ќе остане дел од судиското тело во рамките на Федерацијата, каде што ќе продолжи да го пренесува своето долгогодишно искуство и да придонесува во унапредувањето на македонското судење.
Новиот прв човек на Судискиот одбор зад себе има богата домашна и меѓународна кариера. Јакимовски има судено на повеќе од 500 натпревари во Првата и Втората МФЛ, а како ФИФА-судија има над 110 меѓународни натпревари. По завршувањето на активната судиска кариера, Јакимовски продолжи да работи во различни структури поврзани со судењето.
Беше член на Судискиот одбор, работеше како УЕФА-контролор, а имаше значајна улога и како ВАР-менаџер и проектен лидер при воведувањето на ВАР-технологијата во македонскиот фудбал.