Поранешната ѕвезда на Јунајтед го напушта Мексико и се враќа во Европа!
Според шпанските медиуми, официјализирањето на договорот е само прашање на време, откако на Французинот во јуни му истече соработката со мексиканскиот клуб Монтереј. Неговото доаѓање треба да претставува значајно засилување за Малага, екипа која оваа сезона се врати во елитното шпанско друштво. По првите четири одиграни кола во Ла Лига, повратникот има забележано два реми резултати и два порази, па искуството на Марсијал се очекува да помогне во стабилизирањето на тимот. Ова воедно ќе биде негово второ искуство во шпанскиот шампионат, откако во 2022 година помина краток период на позајмица во екипата на Севиља.
Марсијал ја започна кариерата во Лион, по што настапуваше за Монако, но најголема трага остави во дресот на Манчестер Јунајтед. За англискиот гигант настапуваше од 2015 до 2024 година, бележејќи 209 првенствени настапи и 63 погодоци. По заминувањето од „Олд Трафорд“, тој имаше кратки епизоди во грчки АЕК Атина и мексикански Монтереј. За француската репрезентација, во периодот од 2015 до 2021 година, одигра 30 натпревари и постигна два гола.