Зверев „гази“ сѐ пред себе и е на чекор до третото Гренд слем-финале по ред
Германецот, кој е прв носител на турнирот во Њујорк, имаше одредени проблеми на стартот од мечот, но брзо ја презеде контролата и не му дозволи на Холанѓанецот да направи поголема неизвесност. Особено доминантен беше во третиот сет, кој го доби со 6-1.
Со овој триумф Зверев стигна до своето полуфинале на сите четири Грен слем-турнири во 2026 година, што досега не му успеало во кариерата. Воедно, ова беше неговата 23. победа на Гренд слем-турнирите сезонава, со што постави нов германски рекорд и го надмина досегашното достигнување на Борис Бекер од 1989 година. Зверев годинава конечно ја освои првата Гренд слем-титула во кариерата, триумфирајќи на Ролан Гарос. Во Париз во финалето го совлада Флавио Коболи, со што стави крај на долгото чекање за најголемиот трофеј. Германецот потоа стигна и до финалето на Вимблдон, па доколку слави и во полуфиналето во Њујорк, ќе добие можност да игра во трето последователно Гренд слем-финале.
На патот до финалето ќе го чека Карен Хачанов. Русинот до полуфиналето стигна откако Александар Блокс го предаде мечот поради повреда. Хачанов има три победи против Зверев во девет меѓусебни дуели, но Германецот ги доби последните два, вклучувајќи го и олимпиското финале во Токио во 2021 година.
За Зверев ова е одлична можност за нов голем чекор. По освојувањето на Ролан Гарос, Германецот сега е на само две победи од втора Гренд слем-титула во иста календарска година – нешто што би било едно од најголемите достигнувања во неговата кариера.