Рома доби лоша вест пред реваншот со Баер Леверкузен

Германскиот шампион Баер Леверкузен утре ќе ја пречека Рома во реваншот од полуфиналето во Лига Европа, а калчолигашот доби лоша вест пред натпреварот.

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала се повреди против Јувентус и мораше да го напушти теренот, а најновите информации од Рим се дека тој не е 100 отсто подготвен за гостувањето во Леверкузен.

Според италијанските медиуми, Дибала најверојатно нема да биде стартер и ќе добие шанса од клупата за резерви.