Фудбалерите на Фулам пред дуелот со Манчестер сити - летаа змејови (ВИДЕО)

Арсенал води голема борба со Манчестер сити за титулата во Премиерлигата и има еден бод повеќе од ривалот, но „граѓаните“ допрва треба да го одиграат заостанатиот меч.

Манчестер сити следниот меч го игра против Фулам, а фудбалерите на лондонскиот тим наместо да се подготвуваат за натпревар, на тренинг летаа змејови и тоа дефинитивно нема да им се допадне на навивачите на Арсенал.