Ројс го напушта Дортмунд и заминува на печалба преку океанот!

Германскиот фудбалер Марко Ројс по 12 години реши да замине од Борусија Дортмунд, а како негова следна дестинација се споменува МЛС-лигата.

Самир Насри во разговор за „Канал+“ откри дека имал приватен разговор со Ројс, при кој му признал дека води преговори со американски клуб.

Засега името на екипата останува непознато за јавноста, но повеќе детали се очекуваат по завршување на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што Ројс ќе се обиде да дојде до пехарот.