Тенисерка доби отштета од девет милиони долари поради сексуално злоставување

Американската тенисерка Кајли Мекензи доби отштета од девет милиони долари од Американската тениска асоцијација по тужбата за сексуално злоставување.

Инцидентот се случил пред шест години, односно во 2018 година, кога Мекензи имала само 19 години додека нејзиниот тренер Анибал Аранда имал 34 години.

Судот донесе одлука во корист на тенисерката и нареди федерацијата да исплати отштета затоа што не успеала да ја заштити Мекензи.